Коефициентите кажуваат сѐ – Барселона ќе го победи Реал Мадрид во „Ел Класико“

Барселона и Реал Мадрид освоија само по еден бод на тешките гостувања кај Реал Сосиедад и Валенсија, па затоа и нема промени на табелата во Примера дивисион. По 16 одиграни кола, Барселона и Реал Мадрид имаат по 35 бодови, а каталонскиот гигант е лидер поради пдобрата гол разлика.

Со ваков распоред на табелата, може да се каже дека „Ел Класико“ доаѓа во вистинско време. Најтрофејните клубови во Шпанија, во меѓусебен дуел да одлучат кој ќе се стекне со предност и со поголеми шанси да ја дочека Новата година како лидер.

Според коефициентите во Sport Life, Барселона е фаворит за победа. Коефициентот за победа на домаќините е 1.70 додека триумф на Реал Мадрид вреди 4.35 коефициент. Ваквите коефициенти и не се некое изненадување, ако се знае дека Барселона сезонава на „Камп Ноу“ ги доби сите седум меча во првенството и даде дури 30 голови.  Сепак, Реал на гости игра многу стабилно и прими само шест гола во осум средби, но порај четирите победи, има три реми и еден пораз.

Последните меѓусебни дуели покажуваат зошто актуелниот шпански првак е фаворит и на овој меч. Во последните шест меча, Барселона има четири победи и две нерешени. Реал последен пат победил во август 2017 година.

Без разлика на формата, традицијата и изгледот на табелата, „Ел Класико“ дуелите секогаш носат многу неизвесност и шоу.

 

- Оглас -

Најнови вести