За Гоче половина час игра, за Џенова бод против СПАЛ

СПАЛ и Џенова одиграа нерешено 1:1 во последниот меч од 13-тото коло во Серија А, а сè беше решено само за 120 секунди. Најпрво, Петања во 55-тата минута му донесе предноста на СПАЛ со гол од пенал, а во 57-мата минута Стураро израмни за по еден бод за двете екипи.

Горан Пандев го почна мечот на клупата за резерви, а влезе во игра во 62-рата минута за да одигра околу половина час.

Џенова не успеа да ја прекине серијата без победа, која сега трае веќе четири кола по ред. Со 10 бода Пандев и соиграчите се во незавидна позиција на 18-тото место, што води во понисок ранг на натпревари.

СПАЛ има бод помалку на претпоследното место.

- Оглас -

Најнови вести