За почеток максимумот е 10 илјади луѓе – Радост во Англија, конечно ќе се игра со публика по 14 месеци пауза (Видео)

Денеска е ден за паметење во Англија, а сè е во знакот на навивачите, кои конечно по 14 месеци пауза, ќе можат да ги бодрат своите клубови од трибините во претпоследното и последното коло во Премиер лигата.

Вечерва на четири стадиони ќе има публика, и тоа најмногу до 10 илјади, што сепак е добар старт по паузата од март лани, кога пандемијата со ковид-19 го нападна фудбалот на планетата и секако и во Англија.

На „Олд Трафорд“ и на „Сент Мери“ од 19 часот ќе се означи кам-бекот на навивачите на трибините, а меѓу првите амбиентот ќе го почуствува и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Тој со Лидс му гостува на Саутхемптон на „Сент Мери“ од 19 часот, а во исто време се игра и дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Фулам.

https://twitter.com/ManUtd/status/1394689474316185602?s=20

Манчестер дури и подготви специјално видео во чест на камбекот на навивачите на трибините на култниот стадион.

https://twitter.com/ManUtd/status/1394666637446504451?s=20

Од 20 часот Брајтон ќе му биде домаќин на новиот првак Манчестер сити, а во 21.15 часот се игра дербито на 37-мото коло меу Челзи и Лестер.

Утре се играат преостанатите шест натпревари од претпоследното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести