За пола час освоија злато, сребро и бронза

Натпреварите во дисциплината кајак и кану имаа кулминација утрово, откако се одржаа неколку финални борби. Унгарците слават најмногу откако во Кану дисциплина кајак освоија дури три медали.

Најпрво во машка конкуренција на 1.000 метри гi освоија златото и среброто. Златото го освои Балинт Копаш, а среброто му припадна на Адам Варги.

Половина час по машкото финале, имаше и финале кај девојките во дисциплината кајак 500 метри, а Унгарките го освоија третото место и бронзениот медал, зад шампионките од Нов Зеланд и Полска, која заврши како втора.

- Оглас -

Најнови вести