За половина час игра беа постигнати 11 голови, паднаа и два гола за само 25 секунди

Во белоруското фудбалско првенство во женска конкуренција, денеска се одигра еден меч од 23-тото коло, на кој конечниот резултат беше 16-0, а дури 11 од 16-те голови во мрежата на Динамо Брест, паднаа во првите 30 минути од мечот, или во просек, Минск даваше гол на секои 2,7 минути.

Првите два гола, тимот од Минск ги даде во период од само 25 секунди. Минск е втор на табелата и има гол-разлика 159-4, додека Динамо Брест е претпоследен со гол-разлика 4-203.

- Оглас -

Најнови вести