За промашениот пенал, Гриезман вината ја наjде во жена му

Заврши перфектната реализација на Антоан Гриезман, кога се работи за изведување на пенали во репрезентативниот дрес на Франција. Синоќа, на дуелот против Албанија, Гриезман ја погоди пречката, но за среќа на Галските петли, оваа утка немаше некоја страшна последица, бидејќи Франција победи убедливо со 4:1.

Пред ова промашување, Гриезман имаше седум погодоци од седум обиди во репрезентативниот дрес.

„Не знам што се случи. Навистина не знам. Можеби промашив поради тоа што мојата сопруга не го гледаше мечот. Бев во добра форма, но не можам секој пат да давам гол. Ќе морам да вежбам уште“, рече Гриезман по мечот.

По пет кола во Х групата, Франција има 12 бодови, колку што имаат и Турција и Исланд кои исто така имаат по 12 бодови, што значи дека ќе се води голема борба за првите две места кои водат на завршницата на Европско првенство.

https://twitter.com/VDJClyde/status/1170440422709239809

 

- Оглас -

Најнови вести