За прв пат по 40 години, ниту еден играч на Ливерпул нема да игра на СП

Селекторот на Англија, Томас Тухел го објави списокот на играчи кои треба да бидат дел од Светското првенство. Секогаш има големи реакции околу изборот на играчите кои треба да бидат дел од планетарниот собир, а педантните статистичари забележаа нешто што не се случило цели 40 години.

За прв пат од Светското првенство кое се играше во 1986 година, во составот на Англија сега нема да има ниту еден играч на Ливерпул во составот на Англија.

Ливерпул имаше лоша сезона во која моментално е на петото место на табелата во Премиер лигата и утре, во последното коло на „Енфилд роуд“ во дуел против Брентфорд треба да го обезбеди пласманот во Лига на шампиони за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести