За прв пат во историјата на фудбалот: Еден тим играше со тројца голмани! (Видео)

На меч од осминафиналето во ФА Купот на Кина, во центарот на вниманието беше дуелот меѓу Гуангжу Евергранде и Бенџин Ренхе. Гуангжу се пласираше во следната фаза, победувајќи убедливо со 5:0, а потегот за кој се збори е на тренерот на гостите, Србинот Александар Станојевиќ.

Сите беа збунети кога во второто полувреме, тренерот Станојевиќ направи две измени и во нападот реши да ги стави двајцата голмани кои беа на клупата за резерви. Нејасно беше зошто српскиот стратег се реши на ваков потег, но на крајот не е ни чудно зошто неговиот тим загуби убедливо со 5:0.

Досега во фудбалот не е забележана ситуација на теренот да има дури тројца голмани во еден тим. Едниот беше на природната позиција на голот, а другите двајца беа во нападот.

https://twitter.com/i/status/1133725991111671809

- Оглас -

Најнови вести