За речиси двојно повеќе – Роналдо го издрибла Меси со продажба на дресови (Фото)

Продажбата на дресот на Кристијано Роналдо со бројот 7 во Манчестер јунајтед урива рекорди и досега донесе профит од околу 200 милиони евра, или 187 милиони фунти, а зад него е 30-та на Лионел Меси, со која Аргентинецот игра во Пари Сен Жермен.

Дресот на Меси во новиот клуб се продава исто така добро и донесе ќар од 110 милиони евра досега, или точно 103.8 милиони фунти.

И двајцата големи ривали и најдибри фудбалери на светот во последните 15-на години ги сменија клубовите ова лето. Роналдо од Јувентус се врати во Манчестер јунајтед по 12 години пауза и веќе си ја отплати годишната плата само со продажба на дресот со број 7.

Од 187 милиони фунти на Црвените ѓаволи им следат 7 проценти што значи дека веќе инкасираа 13.1 милиони фунти, или 200 илјади повеќе од годишната плата што ќе му ја даваат на Роналдо, а која изнесува 12.9 милиони фунти.

Меси ќе има годишна плата од 25 милиони фунти во ПСЖ, а досега од продадените дресови со број 30 Светците од Париз заработија 7.3 милиони фунти.

Меси веќе дебитираше за ПСЖ, а се очекува Роналдо да одигра сефте во кам-бекот кај Јунајтед утре против Њукасл, или на 14. септември против Јанг Бојс во првото коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести