Бруно Фернандеш е вистински лидер на теренот во дресот на Манчестер јунајтед. Во изминативе неколку години речиси е незамисливо да се види составот на Манчестер, а во него да го нема името на португалскиот репрезентативец.
Во изминативе шест години, Бруно Фернандеш пропушти само три меча, од кои два поради повреда, а еден поради болест. Сепак, Португалецот сега ќе мора да паузира подолго. На последниот меч, на гостувањето во Бирмингам против Астон вила (пораз 1:2), Бруно заработи повреда на тетивата и според лекарските прогнози, Португалецот ќе отсуствува најмалку три недели. Извори блиски до тимот велат дека офанзивецот ќе се врати за дербито на Манчестер против Сити на 17 јануари.
Според распоредот кој следува за Манчестер јунајтед, Бруно ќе пропушти пет натпревари во следниот период од 20-тина дена. Тоа ќе биде убедливо најдолгата пауза за Бруно Фернандеш откако е дојден во редовите на англискиот гигант од „Олд Трафорд“.
Манчестер јунајтед вечерва на свој терен ќе игра дерби-дуел против Њукасл.

