За такво претепување на судија и заслужи доживотна суспензија (Видео)

Кошаркарот Бруно Делиу доби доживотна суспензија по нападот на судијата за време на еден меч во Тирана. Делиу беше незадоволен од една судиска одлука и прво вербално го нападна судијата. Арбитарот му додели техничка грешка, а потоа Делиу реши да го истепа службеното лице.

Делиу успеа неколку пати силно да го удри судијата, кој падна на паркетот и доколку не реагираа останатите кошаркари, тој не планираше да сопре со тепањето. По прегледување на целата ситуација, Делиу доби доживотна суспензија за нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести