За тепачот од Шкендија првенството е завршено

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија немаше милост кон Сабит Билали. Фудбалерот на Шкендија е казнет со шест месеци суспензија поради бруталното тепање на противнички играчи на дуелот против Академија Пандев.

Инцидентот се случи во последните секунди од средбата која се играше во Тетово, кога Билали најпрво удри еден противнички играч, а потоа се нафрли и на втор, кој освен што го удри и го турна на земја, потоа го клоцна со нога.

Според казната од ФФМ, Билали нема да може да заигра пред 7 мај 2023 година, што значи дека Шкендија нема да може да смета на овој фудбалер до крајот на сезоната. Целиот инцидент и бруталното тепање на противнички фудбалери може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести