Забавно е со Чурлинов на тренинг: Гол „а ла Ибра“ на македонската надеж (видео)

Дарко Чурлинов очигледно е подготвен за рестарт на сезоната во Цвајта. Македонскиот интернационалец имресионираше со мајсторискиот погодок на денешниот тренинг на Штутгарт во стилот на Златан Ибрахимовиќ, или удар попознат како „шкорпија“, и го совлада голманот.

Нашиот млад офанзивец се потруди да биде забележан од тренерот Матарацо и на ваков начин покажа дека сака да биде во составот штом сезоната продолжи. Чурлинов претходно запиша два настапи за сениорскиот тим откако имаше одлични настапи во младинскиот состав на Штутгарт со шест гола и две асистенции на девет меча.

Како што е познато, Бундеслигата стартува на 15 мај, а со неа и Цвајта, во која Штутгарт се бори за пласман во елитата и пред прекинот, поранешниот првак беше на втората позиција на табелата со 45 бода, шест помалку од лидерот Арминија Билефелд по 25 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести