Заборавениот англиски ас заигра по две години пауза и по само десет минути доби црвен картон

Некогашниот англиски репрезентативец Деле Али повторно се врати на теренот и тоа по две години пауза. Али го облече дресот на Комо и заигра во Серија А.

Сепак дебито во италијанскиот фудбал не беше славен за Али. Влезе во 81 минута, а само 10 минути подоцна доби директен црвен картон поради остар старт. ВАР системот реагираше по стартот на Али и потврди дека се работи за опасен прекршок.

Интересно е дека фудбалерот на Милан, Кајли Вокер го молеше судијата да не го исклучува играчот на Комо, но залудно.

Пред неколку години Али важеше за еден од најдобрите играчи за врска. Играше за Тотенхем и беше англиски репрезентативец. За лондонскиот тим одигра 269 натпревари и постигна 67 голови, а имаше и 55 асистенции. За Гордиот Албион во 37 настапи даде три гола.

Неговата кариера претрпе вртоглав пад од почетокот на 2023 година. Тогаш во дресот на Бешикташ последен пат играше на 26 февруари 2023 година, а потоа беше седнат на клупата за резерви, за да подоцна заработи и тешка повреда.

Сега успеа да се врати во фудбалот како играч на Комо, но имаше неславно деби.

- Оглас -

Најнови вести