3.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Заборавете на Меси и Јамал: Барселона има ново чудо од дете (Видео)

Академијата на Барселона позната како „Ла Масија“ важи за вистинска фабрика за таленти, а сега има ново чудо од дете. Се работ за 12-годишниот Дестини Косисо кој настапува во категориите на фудбалери до 13 и 14 години, а на 92 натпревари веќе има постигнато 145 гола.

Иако не е пракса фудбалерите кои немаат наполнето 18 години да потпишуваат спонзорски договори, сепак Косисо веќе потпиша договор со „Најк“ како најталентиран фудбалер во светот.

Шпанските медиуми најавуваат дека слободно може да заборавите на Лионел Меси и Ламин Јамал, бидејќи за неколку години ќе се воодушевуваме на игрите на Дестини Косисо, кој има потекло од Нигерија.

- Оглас -

Најнови вести