Задоцнет новогодишен подарок стигна на „Брамал лејн“ (видео)

Шефилд јунајтед со минимални 1-0 славеше против Вест хем во првиот меч од 22-то коло во Премиер лигата. Сечилата по три лоши резултати конечно освоија три бода, а едно големо благодарам треба да му посочат на голманот на Чеканите, Дејвид Мартин.

Резервниот чувар на мрежата, кој го замени Лукаш Фабијански во 15. минута,  направи карастрофална грешка, неговото неточно додавање во 53-тата минута беше како подарок за домаќините, кои искористија златна шанса за гол и ја искористија.

Сепак, голот на Мекберни можеше да не биде доволен бидејќи Вест хем израмни во судиското надополнување, меѓутоа поради недозволена позиција погодокот на Рајс не се призна.

- Оглас -

Најнови вести