Заедничка кандидатура на Шпанија и Португалија за домаќинство на СП 2030

Фудбалските федерации на Шпанија и Португалија а ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2030 година. Шпанците вчера ја потврдија оваа информација откако се договориле со своите соседи, а во најскоро време ќе го обелоденат својот проект пред да ја испратат официјалната кандидатура до ФИФА.

Досега се потврдени три кандидатури од кои две се заеднички. Едната опција е заедничка кандидатура на јужноамериканските земји Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле, втората доаѓа од Балканот, поточно Романија, Грција, Србија и Бугарија, а самостојно се кандидира афиканската земја Мароко.

Доколку проектот на Шпанија и Португалија биде изгласан, Шпанците вторпат во својата историја ќе бидат домаќини на еден Мундијал, додека ќе биде првпат за Португалците. Шпанија беше самостоен домаќин во 1982 година, односно 12-тото издание на Светското првенство, кога Италија ја освои третата светска титула со победата на Западна Германија од 3-1 во финалето.

Се шпекулира дека за заедничка кандидатура размислуваат Велика Британија и Република Ирска, но засега нема официјална понуда од Островот.

- Оглас -

Најнови вести