Иднината на Мауро Икарди во Серија А се чини дека е загарантирана, тој сака да остане во Интер, но од клубот не го сакаат, а интерес има и од Јувентус и Наполи, но можеби следен клуб на Аргентинецот ќе биде Рома.
Сопругата и агент на Икарди, Ванда, на Твитер напиша: „Ајде да го научиме светот што е љубов“.
Но, тука имаше и нешто што е посебно интересно. Зборот љубов, Ванда сакаше да го истакне, па го напиша со големи букви. На шпански јазик, љубов се пишува Амор, а кога ќе го прочитате зборот наопаку, излегува Рома.
Икарди би можел да биде наследникот на Един Џеко во Рома, но засега нема никакви официјални информации. Скриени пораки на Ванда поврзани со Рома се спомнуваа и кога таа објавуваше слики со римскиот Колосеум по позадина и кога шминката околу очите ѝ беше во нијанса на црвена боја, иста како дресот на Рома.