Заха и Коуди со иста судбина – Непосредно пред меч, ковид-19 ги избриша од составот

Вилфрид Заха отпадна од составот на Кристал палас вечерва, непосредно пред почетокот на мечот со Барнли на „Трф Мур“, а беше отстранет од составот на гостите поради позитивен тест на ковид-19.

Клубот од Лондон мораше да менува во стартниот состав, па на местото на Заха, кој им е најдобар играч, настапи Мичу Бачуаи.

Кристал палас го загуби мечот со 0:1, а Заха е испратен во карантин поради позитивен тест на ковид-19.

Случајот на Конор Коуди, кој е англиски репрезентативец е малку поинаков, а тој вечерва требаше да се врати на терен, откако го одлежа карантинот по позитивниот тест на корона-вирус.

Последниот наод на стоперот на Вулверхемптон е негативен, но не доби дозвола да игра вечерва со Саутхемптон. Тренерот на Волците, Нуно Еспирито Санто, мораше да менува во последен момент и да најде соодветна замена за капитенот.

За Коуди ова беше можност да го урне клупскиот рекорд според континуирани настапи за Вулверхемптон од октомври 2017 година.

Оттогаш, па до вечерва 27-годишниот стопер на Волците немаше пропуштено ниту еден меч за клубот за којшто настапува од 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести