Захави растури во Кина – Рабона како бонбона за победа во 90. минута (Видео)

Еран Захави растура во кинеската лига, а со потегот во последните секунди на дуелот меѓу Гвангжу Р&Ф и Тијанџин може да конкурира и за престижната награда „Пушкаш“.

Со популарната Рабона, Израелецот си поигра со противниците, ја затресе мрежата на Тијанџин во 90. минута и му донесе победа на Гвангжу од 2:1.

Каква ладнокрвност и велемајсторски потег на Захави во последно моменти од мечот, кога се одлучуваше за бодовите. Захави е прв стрелец во кинеската лига со 26 гола, 10 повеќе од следниот зад него, Тешеира од Џијангсу Сунинг.

Погледнете го феноменалниот гол на Захави за Гвангжу.

 

- Оглас -

Најнови вести