Заминувањето на Меси го победи коронавирусот во пребарувањата на Гугл!

Сите се интересираат за иднината на Лионел Меси и во кој клуб тој ќе ја продолжи својата кариера, а доказ за тоа се податоците од интернет пребарувачот „Гугл“. Објавено е дека од вторникот наваму, името на аргентинскиот фудбалски ас е повеќе пати пребарувано на „Гугл“ отколку коронавирусот. Ова е прв интернет „пораз“ на коронавирусот од март наваму, и конечно се најде нешто што ќе се „гугла“ повеќе отколку информации поврзани со пандемијата која го зафати светот.

Според параметрите на Трендот на „Гугл“ со кои се мери популарноста, Меси на скалата од 0 до 100, за два часа имал неверојатен скок од 8 на 86. Пикот бил достигнат завчера во 20 часот, кога зборот коронавирус бил победен за два поени од Меси. Африканските земји Буркина Фасо, Гвинеја и Мали биле земји во кои најмногу се барале вести поврзани со Лео Меси.

- Оглас -

Најнови вести