Занети имал сила да крене пола тон со нозете

Легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети, реши да открие која е тајната за неговата цврстина и виталност во текот на целата негова кариера. Занети во 2014 година замина во пензија и тоа на 41 година. Помина 19 години во Интер, каде го доби и прекарот „Трактор“, благодарение на неговата цврстина.

„Силата секогаш бил примарена во мојата кариера. Откако во 1995 година дојдов во Италија, започнав со секојдневни тренинзи за зголемување на силата. Тренирав и со екипата и самостојно. Играч кој има силни мускули е отпорен на повреди, а игра и подобро на теренот. Најчесто имав два меча во неделата, но иако тоа бараше многу напор, никогаш не го прескокнував понеделничкиот тренинг за сила. Во теретана со нозете можев да подигнам и до 500 килограми. Со една нога можев да подигнам и 310 килограми“, откри Занети, кој останува како еден од имилените играчи на сите навивачи на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести