Запата сам го победи Удинезе, Киево не губи со Ди Карло

Киево не губи со новиот тренер Доменико Ди Карло и по третпат по ред ремизираше, откако тој пристигна како кормилар на последнопласираниот тим во Серија А.

Денеска Киево одигра 1:1 со Парма на гостински терен, а екипата од Верона дури имаше и предност од 1:0 со голот на Мариуш Степински. Израмни Бруно Алвеш, а Парма во последните петнаесеттина минути имаше играч повеќе, но не успеа да постигне победнички гол.

Во Удине блескава партија фудбал одигра Колумбиецот Дуван Запата и со три гола речиси сам го победи Удинезе. Аталанта беше подобар тим и славеше со 3:1.

Емполи дома ја победи Болоња со 2:1, а во премиерниот меч од денешната програма во Серија А, Саусоло и Фиорентина ремизираа 3:3.

- Оглас -

Најнови вести