Започна судењето на Хакими, но тренерот на ПСЖ вели: “Тој ќе игра против Нант“

Мароканскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, Аштраф Хакими, не присуствуваше на последниот тренинг пред првенствениот натпревар против Нант. Од клубот велат дека тој не бил на тренингот поради “лични причини“.

Сепак, медиумите во Франција пренесуваат дека личните причини во суштина се почетокот на неговото судење под обвинение за сексуална злоупотреба на една девојка. Според нејзината реконструкција, фудбалерот ја повикал во неговиот дом кога неговата сопруга и децата биле на одмор, па потоа и сексуално ја нападнал, а таа не можела да се одбрани.

Хакими постојано ги негира овие тврдења и обвинува дека се работи за обид за изнуда на пари. За да бидат неговите проблеми уште поголеми, тој оваа година се разведе од неговата сопруга.

Сепак, овие случувања не се пречка тој да се најде во составот на ПСЖ за денешниот натпревар против Нант.

– “Хакими не беше на тренинг поради лични причини, но работи многу добро. Утре (н.з. денес) ќе биде во составот за натпреварот. Нема да ја коменитирам оваа тема, бидејќи тој не е тука. Оваа ситуација нема да има никакво влијание ниту на мене ниту на него.“ – рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести