Започнува нова мода во Европа: Лидс го победи Кардиф, а мечот во живо го гледаа 7.400 гледачи

Лидс го победи Кардиф со 4:1, но за жал тимот во кој настапува нашиот интернационалец Езџан Алиоски не освои три бода. Тоа е затоа што тоа Лидс не победи на теренот на Кардиф, туку тоа беше симулација која ја направија на твитер профилот на Лидс, благодарение на ФИФА Про на плејстејшн.

Во Англија се забранија фудбалските мечеви за да се намали ширењето на Коронавирусот, но Лидс реши да им ја подари предвидената забава за неговите навивачи. Тимот кој е голем фаворит за влегување во Премиер лигата за наредната сезона направи симулација преку видео игра и реши „мечот“ да го пренесува во живо.

Лидс победи 4:1, а речиси 7.400 навивачи во живо ја следеа симулацијата, а сите можеа и да коментираа за „играта“ на своите миленици. Од Лидс вршеа и текстуален пренос на мечот на видео играта.

Едноставно се делуваше како да е вистински меч, само што не се играше на стадион и немаше вистински гледачи, туку тоа беше симулација на видео игра, која сепак понуди голем интерес кај навивачите на Лидс.

Освен Лидс, денеска меч преку видео игра одиграа и Интер и Лече, а Нераѕурите победија убедливо во меч на кој хет-трик постигна Ромелу Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести