Зарем имаше дилеми: Клоп е најдобар менаџер во Премиер лигата

Јирген Клоп е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2019/20. Сосема заслужено одличјето заврши во рацете на германскиот стратег, кој го предводеше Ливерпул до титулата во шампионатот по 30 години пауза.

Немаше сомнежи дека наградата ќе ја добие Клоп, по фантастичната сезона која зад себе ја остави неговата екипа. Ливерпул оствари 18 последователни победи од почетокот на сезоната, односно запиша вкупно 32 победи во 38 натпревари и освоени 99 бода.

На домашен терен, Црвените беа неприкосновени и освоија 55 од максмални 57 бода, Барнли е единствениот тим кој го напушти „Енфилд“ непоразен.

https://twitter.com/premierleague/status/1294559569927196672

Конкуренти на Клоп му беа Френк Лампард (Челзи), Крис Вајлдер (Шефилд јунајтед) и Брендан Роџерс (Лестер сити). Ова е втора награда која замина за Ливерпул, претходно Трент Александер-Арлонд беше прогласен за најдобар млад фудбалер за изминатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести