Зарем ова не треба да е крајот на Мурињо во Манчестер?

Дерби kаунти го направи најголемото изненадување во англискиот Лига куп откако на „Олд Трафорд“ успеа да го елиминира големиот фаворит Манчестер јунајтед. Некогашниот англиски првак имаше водство од 1-0 на полувремето и сè изгледаше дека ќе заврши според посакуваното сценарио на домашните фанови.

Сепак, така не мислеа гостите, кои направија целосен пресврт и поведоа со 2-1, но потоа примија гол во 95-тата минута за реми. Победникот мораше да се решава на пенали, а играчите на Дерби ги погодија сите осум изведени удари од белата точка. За Манчестер кобен беше шутот на Фил Џонс, кој успеа да го одбрани гостинскиот голман.

По овој пораз и елиминација на Манчестер, само дополнително се зголеми притисокот врз тренерот Жозе Мурињо. Португалецот се жалеше дека нема тим за освојување на Лигата на шампиони, но синоќа покажа дека тимот не може да слави ниту против многу послабо рангирани клубови.

Жозе Мурињо дефинитивно е пред излезна врата во Манчестер, но прашање е кога челниците на клубот ќе се решат да ја отворат таа врата и да се заблагодарат на работата на Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести