Иако англискиот првак вчера немаше проблеми да ги освои бодовите против Астон вила, еден играч на гостите одигра одлична партија по што доби пофалби од Пеп Гвардиола по мечот. Капитенот на повратниците во Премиер лигата, Џек Грилиш, во 10-те меча досега ги импресионира критичарите и покажа дека се работи за врвен фудбалер, кој наскоро би можел да облече дрес на поголем клуб.
Пред само една година, Грилиш беше на прагот да потпише за Тотенхем, но тој трансфер пропадна и Англичанецот доби значајна улога во екипата на Астон вила. Досега реализира четири погодоци и исто толку асистенции во шампионатот, а Гвардиола вели дека за Сити бил бил прескап.
„Грилиш е неверојатен, врвен играч според мене. Мило ми е што Астон вила има посветен и лојален играч во екипата. Можеше да потпише за било кој клуб, но тој остана таму и имаше голем придонес во успехот што го оствари тимот пласирајќи се во елитата. Особено ми се допаѓа колку е опасен во нападот, нема сомнежи дека поседува огромен талент, но ние не можеше да си го дозволиме бидејќи е прескап“, истакна Гвардиола.
Во изминатиов период се крена фама околу капитенот на Астон вила, а нема да биде изненадување ако наскоро се најде на списокот кај Герет Саутгејт и да дебитира за англиската репрезентација.