Засилување за ЛШ: Лил го купува Ренато Санчес

Златното момче од 2016 година, Ренато Санчес, е на прагот да стане нов играч на францускиот вицепрвак Лил. Баерн Минхен се ослободува од младиот португалски играч за врска, кој изрази дека е незадоволен во Баварија и посака да замине.

Понудата од Данските доги од 25 милиони евра ја прифати германскиот шампион, а според последните информации, Санчес веќе е на пат кон Лил, каде што попладнево треба да пристигне на медицински прегледи, а потоа да стави потпис на петгодишен договор.

Санчес иако во Минхен пристигна како голем талент на Бенфика, со потенцијал да стане фудбалер од светски рамки, никогаш не ја доби вистинската шанса да заигра во првиот тим. Не му помогна ниту позајмицата во Свонси пред две сезони, по што поранешното Златно момче одлучи да ја смени средината.

По пласманот во групната фаза во Лигата на шампионите, трансферот на Санчес ќе го освежи тимот на Лил откако во текот на летото заминаа неколку клучни играчи, како Николас Пепе и Тијаго Мендеш.

https://twitter.com/mohamedbouhafsi/status/1164809511598563328

- Оглас -

Најнови вести