Засилување за Русија пред дуелот со Шпанија, се враќа капитенот Шишкарев

Поранешното крило на скопски Вардар, Данил Шишкарев, кој е капитен на руската ракометна репрезентација, излезе од карантин, и попладнево ќе може да му помогне на својот национален тим во битката со силната Шпанија на Европското првенство.

Шишкарев имал негативен тест на коронавирус, и може да им се придружи на колегите во обид да приредат изненадување. На ЕП 2022, популарниот Шишка ги одигра првите два меча (две победи), а ги пропушти наредните два (победа и пораз).

- Оглас -

Најнови вести