Заслужи: Бадр Хари беше неспортски настроен, па претрпе брутален нокаут (видео)

Легендарниот холандски кикбоксер Бадр Хари, неславно се врати во рингот откако Полјакот Аркадјуш Вросек брутално го нокаутира во втората рунда од борбата во Глори 78 настанот во Архем.

Со силен удар со нога во главата, Хари се струполи на подот и беше во несознание, ниту пак можеше да застане на нозе, а од ударот дури и прокрвари.

https://twitter.com/jkmebby/status/1434263984018952199

Некогашниот светски шампион во тешка категорија сосема го заслужи бруталниот нокаут, бидејќи само ден порано покажа колку нема респект кон противникот, предизвикувајќи инцидент на самото претставување кога го оттурна Вросек пред јавноста.

- Оглас -

Најнови вести