Затоа е „Гранде“: Пандев го донира дресот од 100-от настап за Македонија во борбата против корона-вирусот (видео)

Капитенот на фудбалска Македонија Горан Пандев, својот дрес од јубилејниот 100-ти настап за репрезентацијата го стави на аукција. Собраните средства ќе се донираат во борбата против пандемијата со корона-вирусот, односно ќе бидат доделени на болницата „8 септември“ во Скопје.

Пандев овој дрес го носеше во дуелот против Летонија во евроквалификацискиот меч кој се одигра на нациналната арена „Тодор Проески“ во нашиот главен град, во кој избраниците на Ангеловски славеа со 3-1.

„Овој дрес е од репрезентацијата кој го носев на дуелот Македонија – Летонија. За мене е посебен бидејќи го запишав 100-от настап за националниот состав“, вели Пандев во виедото кое го објави на „Инстаграм“.

- Оглас -

Најнови вести