Амбициозноста, инаетот, борбениот дух, а секако и тениското знаење се главните причини зошто Новак Ѓоковиќ толку долго е на врвот или прв врвот во светот, па и сега кога има 38 години и многумина негови врсници се веќе во спортска пензија.
За Ѓоковиќ нема загубена топка, се бори како лав, така беше и денеска против Миомир Кецмановиќ кога во клучниот поен и гејм од првиот сет, реши да го освои, па што сака нека биде. Мораше да се фрла на тревата за да успее, но тоа не му беше проблем.
И неговиот противник придонесе за овој поен да биде спектакуларен и да добијат овации од публиката во Лондон:
The point of 2025 Wimbledon championship – Insane stuff from Djokovic and Kecmanovic 🎾😬 pic.twitter.com/zy5jcgMoo0
— Raz (@RazOlsRF) July 5, 2025