Завршен првиот голем трансфер во Шпанија, се засили лидерот

На Атлетико Мадрид не му требаше многу време за да пронајде замена за Диего Коста, кој е ставен на трансфер-листата. На местото на Коста, во нападот на Јорганџиите пристигна Муса Дембеле. Французинот веќе ги помина лекарските прегледи и сега се чека само комплетирање на договорот.

Дембеле го носи дресот на Олимпик Лион од 2018 година, а сега во Атлетико ќе биде како позајмен играч до крајот на сезоната, со можност Јорганџиите да го откупат договорот на напаѓачот.

Офанзивниот играч, кој има 24 години, сезонава не се покажа во најдобра форма и даде само еден гол во 16 меча во француското првенство. Сепак, во Атлетико веруваат дека тој е вистинскиот играч да дојде како замена за Коста.

Со 41 освоен поен, Атлетико Мадрид е лидер во шпанското првенство. Реал Мадрид е втор со 37 бода, но лидерот има и два меча за доигрување, што значи дека разликата може да се зголеми.

 

- Оглас -

Најнови вести