Завршена работа: Од Реал Мадрид се пресели во Манчестер јунајтед

Алваро Фернандеш, еден од најталентираните млади фудбалери од школата на Реал Мадрид, постигна договор со Манчестер јунајтед. Овој 17-годишен бек во академијата на Реал пристигна во 2017 година од тимот на Депортиво Ла Коруња. Тогаш во трка за овој тинејџер беше и Барселона, но Алваро се одлучи да се вклучи во школата на Кралскиот клуб.

Реал Мадрид се обиде да го задржи играчот нудејќи му нов договор, но Манчестер јунајтед испратил понуда која не се одбива. Талентираниот Шпанец потпиша четиригодишен договор со тимот од „Олд Трафорд“. Во Реал Мадрид се изненадени од овој потег на Фернандеш затоа што се надеваа дека токму тој фудбалер ќе биде „новиот Марсело“.

Фернандеш има одлична техника и брзина, а посебно е добар во дефанзивните задачи кога се работи за игра еден на еден.

 

- Оглас -

Најнови вести