Заврши доминацијата на Јувентус која траеше 560 денови

Интер славеше над Удинезе со 1:0 и ја продолжи перфектната низа од три победи во новата сезона. Со овој триумф, Нераѕурите се искачија на врвот на табелата на Серија А, искористувајќу го киксот на Јувентус, кој вчера одигра само 0:0 на гости кај Фиорентина.

Ова ќе биде прв пат по 3 март 2018 година, Јувентус да не биде лидер на табелата во Серија А по комплетирање на колото. Старата дама помина дури 560 денови на првото место во италијанското првенство, а по ремито со Фиорентина, беше јасно дека таа серија ќе заврши.

Низата започна кога Јувентус на 3 март го победи Лацио, а Наполи на која клуба тогаш седеше Маурисио Сари, загуби од Рома, па гигантот од Торино застана на чело на табелата и беше лидер се до синоќа.

 

- Оглас -

Најнови вести