Заврши сагата со Меси, Ла Лига и одобри на Барселона да му го продолжи договорот

Нема веќе пречки за продолжување на соработката меѓу Барселона и клупската икона Лионел Меси и Аргентинецот ќе го продолжи договорот до 2023 година.

Раководството на шпанската Ла Лига објави дека дозволува да се продолжи соработката меѓу Меси и Барса, иако Каталонците се во финансиска криза што досега го блокираше продолжувањето на договорот.

Меси веќе му даде збор на Жоан Лапорта дека ќе остане во клубот во кој ја мина целата професионална кариера и чиј член е од 2000 година, сметајќи го и стажот во младинската Академија „Ла Масија“.

Лео ноќеска ќе игра во финалето на Копа Америка и како капитен ќе ја предводи Аргентина во дуелот за титулата против вечниот ривал Бразил.

Досега нема ниту еден трофеј со Гаучосите и ова му е шанса да го пробие мразот, а најавено е дека по враќањето од Јужна Америка ќе стави потпис на новиот договор со Барселона што ќе важи до 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести