Заврши тримесечниот пост за Трајковски: Гол за водство против Лече (видео)

Палермо по повеќе од дваесетина минути игра води со голот на Александар Трајковски кој го постигна во четвртата минута. Македонскиот репрезентативец го прекина тримесечниот пост без подогок во дресот на Палермо, а не му требаше многу време да забие пред своите фанови во дуелот од 27-то коло во Серија Б.

Последен пат погоди на осми декември минатата година, во гостинската победа од 3-1 над Падова. За Трајковски овој гол воедно е петти оваа сезона во второто по квалитет италијанско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести