Заврши „црната“ серија на Голден стејт, Џејмс и Дејвис не се уплашија од Грмотевиците (видео)

ЛА лејкерс ја нанижа петтата победа совладувајќи го тимот на Оклахома сити тандер со конечни 112:107 на домашен терен. Езерџиите предводени од главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го одржаа победничкиот ритам за вкупно 12-та победа по 14 натпревари, задржувајќи го првото место на Западот.

Џејмс запиша уште еден трипл-дабл учинок, заврши со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции и сега тој може да се пофали дека е првиот кошаркар во историјата што против сите клубови во НБА против коишто играл, има направено трипл-дабл. Дејвис беше поефикасен од Кралот со 34 поени. Галинари како најрасположен кошаркар на Оклахома реализира 25 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=IxxZ2GGqPf0

Голден стејт вориорс конечно стави крај на црната серија од седум последователни порази, па на гостувањето кај Мемфис гризлис славеше со 114:95. За вицешампионот ова е само трета овосезонска победа, втора остварена на гостински терен, но и натаму Воините имаат најслаб учинок на Западот со 3-12 скор.

Буркс ги предводеше Вориорс со 29 поени и 8 скока, Робинсон додаде 20 поени, додека за Гризлите најразигран на паркетот беше новакот Жа Морант со 20 поени.

Останати резултати:

Њу Орлеанс пеликанс 115:104 Портланд трејлблејзерс, Сакраменто кингс 120:112 Феникс санс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести