Завршува светскиот рекорд на Ал-Хилал, и тоа на брутален начин?!

Саудискиот фудбалски клуб Ал-Хилал од крајот на септември 2023 наваму реди само победи, постави и нов светски рекорд од 34 триумфи едноподруго, но секој почеток има и свој крај, па така веројатно вечерва дојде крајот на таа неверојатна триумфална серија на Ал-Хилал.

Во првиот меч од полуфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал-Хилал има негатива од 0-3 по првото полувреме на гостувањето кај Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати. Во четвртфиналето, Ал-Аин го елиминираше Ал-Наср на Роналдо, Мане, Брозовиќ, а дека е незгоден за Саудијците, покажува и вечерва против Боно, Кулибали, Милинковиќ-Савиќ, Малком, Невеш и другарите (поради повреди ги нема Нејмар и Митровиќ).

Сите три гола за Ал-Аин, чиј тренер е Ернан Креспо, ги даде Мароканецот Рахими, вториот и третиот гол беа од пенал.

- Оглас -

Најнови вести