Збесна откако го обвинија дека неговиот тим играл во корист на Јувентус (Видео)

Милан и Јувентус во последното коло победија и обезбедија место во Лигата на шампиони. На Јувентус, освен победата против Болоња, потребно му беше и кикс на Наполи во дуелот со Верона, а така и се случи. Наполи одигра само 1:1 на свој терен, па тимот од југот на Италија остана без пласман во елитната лига на УЕФА.

Верона освои бод против Наполи, иако гостите немаа императив да освојат бодови, но одиграа чесно и не дозовлија да бидат поразени. По завршување на мечот, тренерот на Верона, Иван Јуриќ збесна откако новинарот му упати констатација дека неговиот тим помогнал Јувентус да се пласира во Лигата на шампиони.

„Одма на почеток, ова е големо ср*ње. Морате да ја почитувате Верона, не можете така да зборувате со нас. Морате да покажете почитување. Дали ви е тоа јасно? Мора да ги гледате сите мечеви на Верона сезонава“, нервозно викаше Јуриќ, додека новинарот се обидување да се оправда.

„Нема што да завршите! Нема да зборувам со вас додека не покажете почитување кон Верона. Нема да ви дозволам да зборувате, затоа што не ме почитувате. Доста беше, си заминувам. Немате почитување. На погрешен и лош начин создавате лоша слика за нас. Нашата екипа секогаш играла со цела сила. Вашиот став и поставувањето на прашања е погрешен. Само во Италија е можно да има ваков сомнеж. Морате да ми се извините поради вашето срамно однесување! Веднаш да ми се извините“, луто коментираше Јуриќ веднаш по мечот со Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести