Здравески е замената за Николоски во Победа, ама само како привремено решение

Николче Здравески привремено ќе биде тренер на Победа откако Јане Николоски одлучи да си замине од клубот. По поразот од Ренова на домашен терен, прилепчани се фенерџии во Првата лига, а Николоски одлучи да се повлече.

Здравески е дел од генерацијата поранешни играчи на Победа, а има настапувано заедно со Николоски во некои поубави времиња за прилепскиот прволигаш. Сезонава и го менуваше на двапати, против Академија Пандев во Купот и на првенствениот меч со Силекс, кога Николоски беше отсутен.

Победа е во голема криза и финансиска и резултатска. Има црна серија од 10 меча без победа во домашното првенство, а од нив дури девет се порази.

- Оглас -

Најнови вести