Зема 100.000 фунти неделна плата, а нема ниту гол, ниту асистенција оваа сезона

На „Викарејџ роуд“, Манчестер јунајтед денеска го претрпе петтиот пораз сезонава во Премиер лигата. Ватфорд славеше со 2-0 благодарение на кардиналната грешка на Де Хеа, но и пеналот кој го реализира капитенот Дини, па избраниците на Оле Гунар Солскјер со наведнати глави го напуштија теренот.

Доста сегменти не беа во полза на Црвените ѓаволи, но и индивидуалниот учинок на неколку играчи во црвени дресови беше разочарувачки. Џеси Лингард беше еден од нив, академецот од Јунајтед кој зема 100.000 фунти неделна плата. Лингард се најде во почетниот состав и играше малку повеќе од еден час пред да го замени Пол Погба, а Англичанецот продолжи една катастрофална низа која ќе сака што побрзо да ја прекине.

Имено, Лингард веќе 25 часа нема запишано ниту гол, ниту асистенција за Јунајтед во Премиер лигата, последен пат учествуваше во погодок на 26 декември 2018 година, во победата над Хадерсфилд од 3-1. Цела една година англискиот репрезентативец не придонесува апсолутно ништо, па затоа се поставува прашањето до кога Солскјер ќе го толерира Лингард и неговата пасивна игра.

- Оглас -

Најнови вести