Ждрепката во ФА купот беше пеколна: Најтрофејните клубови во Англија на мегдан меѓу себе

Англиските гиганти не дозволија изненадување во ФА купот и се пласираа во четвртфиналето, а ждрепката направи таму да има дерби-дуели. Најтрофејните два клуба во Англија, Манчестер јунајтед и Ливерпул, ќе играат на „Олд Трафорд“ во борба за место во полуфиналето.

Според распоредот, четвртфиналните средби се закажани за 16 март, а освен дуелот на најтрофејните, ќе има уште три интересни средби. Манчестер сити, кој е бранител на трофејот, дома ќе игра против Њукасл, а Челзи на свој терен ќе игра против второлигашот Лестер.

Од сите четвртфиналисти, се чини дека најмногу среќа имаше Вулверхемптон, кој го елиминира Брајтон, а сега на свој терен ќе треба да игра со второлигашот Ковентри. Ако Лестер во Чемпионшип е тим кој е пред враќање во Премиер лигата, Ковентри е далеку од таков план, што значи дека Волците треба да имаат полесна задача за да се пласираат меѓу најдобрите четири екипи во најстарото клупско натпреварување во светот.

- Оглас -

Најнови вести