Жената лажела дека таа му давала бесплатни сендвичи на Роналдо

Еден од најбогатите спортисти на денешницата, Кристијано Роналдо, ја продолжува потрагата по трите жени кои пред 19 години работеле во еден ресторан на „Мекдоналдс“ и му давале бесплатни сендвичи. Роналдо во интервју за новинарот Пирс Морган, откри дека кога бил 11-годишно момче, бил многу сиромашен, па со другарите оделе во „Мекдоналдс“, каде работеле три тетки кои често знаеле да им дадат сендвичи без пари.

Роналдо се сеќава дека една од жените се вика Една, а на останатите две не им го памти името. Веднаш потоа се јави жена по име Паула Лека, кој тврди дека таа била една од трите кои му давала бесплатни сендвичи на Кристијано. Паула дури даде и изјава за тоа што се случувало во 2000 година и дека Роналдо бил најсрамежлив од сите дечиња.

Сепак, новинарот Морган кој го интервјуираше Роналдо, откри дека Паула не е вистинската тетка од „Мекдоналдс“ која ја бара Роналдо и потрагата продолжува. Португалецот се надева дека ќе ги најде трите тетки и сака богато да ги награди.

 

- Оглас -

Најнови вести