Кристијано богато ќе ги награди жените кои му даваа сендвичи кога беше сиромашен

Жена по име Паула Лека го слушна повикот на Кристијано Роналдо да му се јават трите жени кои во 2000 година работеле во еден ресторан на „Мекдоналдс“ и на тогаш сиромашното португалско момче му давале сендвичи. Паула е една од добрите тетки кои на малиот 11-годишен Кристијано му давале да јаде.

„Прво ќе им кажам благодарам, а потоа ќе разговараме и ќе се присетиме на старите времиња. Кога ќе ни останеа непродадени неколку хамбургери, менаџерот ни даваше дозвола да им ги поделиме на децата, меѓу кои беше и Кристијано Роналдо. Тој беше најплашлив од сите. Доаѓаа речиси секоја вечер. Син ми не ми веруваше дека му давав хамбургери на Роналдо, а маж ми знаеше бидејќи доаѓаше по мене да ме собере од работа“, рече Паула.

Освен Паула, Роналдо сака да се јави и жена по име Една, која исто така работела во истиот „Мекдоналдс“ и уште една личност за која не знае како се вика.

„Тој ’Мекдоналдс’ сега е затворен, се обидував да ги најдам Една и уште две други жени кои работеа таму. Би бил среќен ако ги најдам, сакам да ги повикам во мојот дом во Торино или Лисабон да ми дојдат на гости, да вечераме заедно. Сакам да им дадам нешто за возврат бидејќи многу го ценам тоа што го направија за мене“, рече Роналдо во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести