Жените на пет играчи на Фламенго се трудни, клубот гради тим за 2038 година

Планирањето на состав за 2038 година е нешто со што уште од сега се шегуваат во фудбалскиот клуб Фламенго. Дури пет сопруги на фудбалери на бразилскиот и јужноамерикански првак Фламенго се бремени, и за некој месец ќе родат деца кои во себе ќе носат шампионска ДНК бидејќи нивните татковци освоија вредни титули во 2019 година.

Секако засега ова е во доменот на шегата, но којзнае што ќе биде за 18 години, можеби навистина некое од овие уште неродени бебиња ќе биде играч на Фламенго после 18 години. Треба да се исполни уште еден услов, сопругите на фудбалерите да родат машки деца.

- Оглас -

Најнови вести