Жените на руските фудбалери учествуваат во нов моден предизвик (Фото)

Сопругата на рускиот фудбалер Јури Жирков, Ина, прифати да учествува во полуларен предизвик на социјалните мрежи, во кој припаднички на понежниот пол ставаат перница наместо фустан или здолниште. Жирков игра за Зенит Санкт Петербург, а жена му доби многу пофални зборови за изгледот со импровизацијата со белата перница. Таа рече дека многу било забавно, бидејќи децата ја гледале и се чуделе што ли прави.

Зад неа воопшто не заостанува ниту Марија Погребњак, жената на Павел Погребњак, кој игра за Урал. Марија го прифати предизвикот од Ина, и се сликаше со црно-бела комбинација.

- Оглас -

Најнови вести