Жените загубија од Франција со 0-7, за неполн месец ќе гостуваат кај истиот противник

Сениорската репрезентација на Македонија во женска конкуренција вечерва во Скопје претрпе тежок пораз од Франција со 0-7, но ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека разликата во квалитет е голема и дека селекторот Кирил Изов не можеше да смета на седум фудбалерки кои имаат корона-вирус.

Ова беше меч од квалификациите за ЕП. Сега во групата Г, Франција има максимални четири победи на четири меча со гол-разлика 18-0, но моментно е втора зад Австрија, која има 15 бода, па нивните дуели ќе го одлучат победникот. Македонија има 3 бода во шест меча, Црвено-жолтите во овој циклус успеаја да го победат Казахстан.

Во следното коло, на 23 октомври, македонската селекција гостува во Франција, по што во ноември ќе следува гостување и кај последниот Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести