Женска верзија на Болт направи еден од најголемите пресврти во историјата на штафетите (Видео)

Зија Холман, која го држи јуниорскиот светски рекорд на 400 метри, на едно натпреварување во САД направи подвиг кој воодушеви многумина. Оваа 19-годишна студентка на Универзитетот Мичиген, на штафетна трка на 4х400 метри во сала успеа да му донесе победа на својот тим иако кога ја презеде палката, заостануваше повеќе од 25 метри и над 4 секунди зад водечката од Универзитетот Индијана.

Холман веруваше во подвигот, и во двата круга успеа да ги престигне двете девојки кои беа пред неа кога таа почна да трча. Таа овие 400 метри во двата круга во сала ги мина за 51 секунда и 79 стотинки. Тоа е време кое ако го повтори, ќе си обезбеди место во репрезентацијата на САД за Олимписките игри во Токио.

Зија само еден и пол час претходно, без проблем триумфираше на 600 метри, но тоа воопшто не ја замори.

- Оглас -

Најнови вести